02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Вработените во ЈП Комунална хигиена- Скопје со хуманитарна помош за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Албанија

Вработените во ЈП Комунална хигиена- Скопје со хуманитарна помош за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Албанија

Штабот за заштита и спасување на ЈП Комунална хигиена- Скопје денеска упати повик до сите вработени во Претпријатието коишто со свои донации во вид на парични средства или материјална хуманитарна помош (храна, облека, хигиенски средства и сл.) сакаат да им помогнат на жителите на градовите од соседна Р.Албанија што вчера беа погодени од катастрофалниот земјотрес.

Пунктот за помош во ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе биде отворен до 14 часот во сабота - 30 ноември, кога и собраната помош преку Црвениот крст на Р. Северна Македонија ќе биде транспортирана за Р.Албанија. Со свои донации може да се приклучат и сите останати граѓани.

 

 

27.11.2019, 13:01 | 857 прегледи