02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Расчистени 900 кубни метри отпад од диви депонии во општините Карпош и Сарај

Расчистени 900 кубни метри отпад од диви депонии во општините Карпош и Сарај

ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ги продолжи активностите за расчистување диви депонии во општините Карпош и Сарај.

Во населеното место Бардовци во општината Карпош, покрај реката Лепенец, беа отстранети приближно 550 м3 одложен отпад, додека во општината Сарај беше расчистена дива депонија составена од 350 м3 комунален, кабаст и градежен отпад, лоцирана во близина на СУГС „Сарај“.

Во реализацијата на активностите беа ангажирани десет работници на терен, додека од механизацијата се употребуваа четири специјални комунални возила-кипер и два багера.

Во текот на следната седмица, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со расчистување на дивите депонии и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба.

22.11.2019, 12:09 | 466 прегледи