02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОТСТРАНИ 1000 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОТСТРАНИ 1000 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна акција за отстранување на најголемите диви депонии лоцирани на територијата на градот Скопје.

Во текот на денешниот ден целосно се расчистени дивите депонии во о.Аеродром (ул.Лисец, нас.Лисиче), о.Чаир (бул.Македонско-Косовска бригада), о.Бутел (покрај бул. Х.Т.Карпош) и о.Шутка (патот кон Визбегово).

Во рамките на активностите се отстранети вкупно 1000 м3 непрописно одложен  комунален, кабаст и градежен отпад.

Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалниците на општините Аеродром, Чаир и Бутел - Златко Марин, Висар Ганиу и Велимир Смилевски ги проследија активностите за отстранување на дивите депонии и апелираа до граѓаните правилно и совесно да го одлагаат  отпадот.

ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со расчистување на дивите депонии и во сите останати скопски општини.

 

19.11.2019, 12:31 | 711 прегледи