02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги известува своите корисници дека Управниот одбор на Претпријатието, на својата 32 седница одржана на 1.11.2019 година, донесе одлука со којашто на сите корисници коишто имаат заостанат долг на заедничка сметка во евиденција на ЈП Водовод и канализација-Скопје, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен), им се овозможува истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, во периодот од 04.11. до 29.11.2019 година.

Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува само на физичките лица (колективните и индивидуалните домаќинства).

04.11.2019, 07:33 | 496 прегледи