02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Младите учесници на филмскиот фестивал „Џифони“ едуцирани за правилна употреба на новите садови за отпад

Младите учесници на филмскиот фестивал „Џифони“ едуцирани за правилна употреба на новите садови за отпад

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска одржа еко-предавање пред 150 средношколци, учесници на Меѓународниот филмски фестивал за млади - „Џифони“ што во периодот 12-17 октомври се одржува во Младинскиот културен центар во Скопје.

Средношколците се запознаа со работата и активностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и беа едуцирани на кој начин правилно се употребуваат новите контејнери за комунален отпад со зафатнина од 3,2м3 и корпите за ситни отпадоци што Претпријатието неодамна започна да ги поставува во сите скопски општини.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во претстојниот период ќе продолжи со еко-едукација на нашите најмлади сограѓани во градинките, основните и средните училишта, како и со нивно запознавање со правилниот начин на употреба на новите садови за отпад.

14.10.2019, 13:45 | 482 прегледи