02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЕСЕНСКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА КАРПОШ

ЕСЕНСКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА КАРПОШ

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на денешниот ден спроведува акција за генерално чистење на скопската општина Карпош. Во реализацијата на активностите се ангажирани 30 работници на терен, додека од механизацијата се употребуваат три автоцистерни, три специјални комунални возила - метларки и едно специјално комунално возило - патарка. Во рамките на акцијата, екипите на Претпријатието ќе извршат рачно и машинско метење и миење на главните и на општинските улици, како и расчистување на дивите депонии во оваа скопска  општина.

Почетокот на активностите го означија помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Кемал Муслиу и градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев. 

 

27.09.2019, 12:48 | 307 прегледи