02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ЧАИР

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ЧАИР

Во текот на денешниот ден, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје започна есенска акција за генерално чистење на општината Чаир, каде што ќе биде извршено рачно и машинско миење и метење на главните и на сервисните улици, како и отстранување на дивите депонии. Во рамките на акцијата, Претпријатието ќе спроведе и активности за чистење на дворовите во сите образовни институции во оваа скопска општина.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани, заменик-градоначалникот на Градот Скопје, Енвер Маличи, градоначалникот на општината Чаир, Висар Ганиу и легендарниот олимписки шампион во борење - Шабан Трстена, го означија почетокот на акцијата, со посета на ООУ „Цветан Димов“, каде што беше организирана еко-манифестација и предавање за совесното и правилно постапување со отпадот.

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска организира активности за чистење на дворовите на основните и средните училишта, како и градинките во општината Чаир. На овој начин, сакаме да ја подигнеме еколошката свест кај најмладата популација, дека хигиената и чистотата зависат од сите нас. Секој со своите постапки може да придонесе за заштита на животната средина, а најдобрата почетна точка е чистењето и одржувањето на хигиената во својот двор и непосредната околина каде што живееме, учиме и работиме.“- изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.

 

26.09.2019, 13:00 | 638 прегледи