02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ И ЈКП „КОМРАД“-ВРАЊЕ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ И ЈКП „КОМРАД“-ВРАЊЕ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани и директорката на ЈКП „Комрад“ од Врање, Нела Цветковиќ, заедно со директорите на ЈКП „Зелениково“ и ЈКП „Петровец“, Крсто Јанакиевски и Андрејчо Гроздановски, денеска потпишаа Меморандум за соработка при коаплицирањето за IPA - проектите за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.

„Се надеваме дека оваа соработка ќе придонесе за успешна реализација на нашите заеднички цели - заштита на животната средина и унапредување на услугите на јавните претпријатија кон нашите крајни корисници-граѓаните. Предвидените средства се наменети за поефикасно управување со комуналниот отпад, спроведување едукативни активности за  развивање еколошка свест кај најмладата популација. како и подигање на јавната свест кај граѓаните од таргет-општините во регионот, со цел правилно и совесно постапување со отпадот.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани.

23.09.2019, 14:00 | 511 прегледи