02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ ПОДИГНА 40 КУБНИ МЕТРИ КАБАСТ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ ПОДИГНА 40 КУБНИ МЕТРИ КАБАСТ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

Екипите на ЈП Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 40 кубни метри кабаст отпад, во рамките на акцијата што се одвиваше во периодот од 16 до 19 јули 2019 година, во општината Чаир.

На четири фреквентни локации во оваа скопска општина беа поставени специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните го исфрлаа стариот мебел, како и отпадот од електричната и електронската опрема.

Во претстојниот период, ЈП Комунална хигиена“-Скопје ќе спроведе акции за собирање кабаст отпад и во останатите скопски општини. Апелираме до граѓаните овој вид на отпад да го исфрлат во рамките на организираните акции, а во останатиот период од годината да ја искористат можноста старите кревети, душеци, санитарии, фрижидери, тв-приемници, шпорети и останатите електрични и електронски уреди бесплатно да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.

Според Законот за јавна чистота на РМ, кабастиот отпад не смее да се одлага на јавни површини. Нашата животна околина можеме да ја заштитиме само преку совесно и одговорно постапување со отпадот!

 

 

 

 

 

19.07.2019, 14:38 | 503 прегледи