ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ВРАЧЕНИ 709 ЗАПИСНИЦИ ЗА НЕПРАВИЛНО ИСФРЛАЊЕ ОТПАД – ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ СПРОВЕДУВА ЕДУКАТИВНИ АКТИВНОСТИ СО ГРАЃАНИТЕ

ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ВРАЧЕНИ 709 ЗАПИСНИЦИ ЗА НЕПРАВИЛНО ИСФРЛАЊЕ ОТПАД – ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ СПРОВЕДУВА ЕДУКАТИВНИ АКТИВНОСТИ СО ГРАЃАНИТЕ

 

ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ВРАЧЕНИ 709 ЗАПИСНИЦИ ЗА НЕПРАВИЛНО ИСФРЛАЊЕ ОТПАД – ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ СПРОВЕДУВА  ЕДУКАТИВНИ АКТИВНОСТИ СО ГРАЃАНИТЕ

 

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, денеска реализираше едукативна акција за правилно и совесно постапување со отпадот за граѓаните на скопската општина Аеродром. Едукативните активности беа спроведени поради зачестените случаи на неправилно одлагање комунален и кабаст отпад во оваа општина.

Претставниците на Еко-патролата и одделенијата за Едукација, Квалитет и развој и Професионална одговорност ги информираа граѓаните дека според Законот за јавна чистота, комуналниот, кабастиот и градежниот отпад не смеат да го исфрлаат на јавни површини, како и за можноста што Претпријатието им ја нуди отпадот од електронската,  електричната опрема и стариот мебел бесплатно да ги депонираат во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.

Неправилното одлагање на отпадот резултира со создавање диви депонии и ја загадува животната околина. Само во текот на првите шест месеци од 2019 година, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје изготви 709 информативно-едукативни записници за граѓаните што на терен се затекнати дека го прекршуваат Законот за јавна чистота.

[ четврток, 04 јули 2019 ] [ 1508 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar