02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН БЕСИР АЛИЛИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ

ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН БЕСИР АЛИЛИ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ

Директорот Абдусамед Шабани во просториите на ЈП „ Комунална хигиена„ – Скопје  го пречека европскиот шампион во борење за кадети, Бесир Алили. Во ова прилика Директорот од срце му го честиташе освоениот медал и му додели Благодарница во знак на постигнатиот успех.

Младиот Бесир Алили го освои златниот медал на Европското првенство во борење за кадети кое се одржа во Фиренца, Италија. Ова е голем успех за Алили кој се натпреваруваше во категоријата слободен стил до 48 килограми и претставува прв златен медал на европско кадетско првенство за нашата земја.

26.06.2019, 15:26 | 155 прегледи