02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     УЧЕНИЦИТЕ ОД ОOУ „ХАСАН ПРИШТИНА“ ВО ПОСЕТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОOУ „ХАСАН ПРИШТИНА“ ВО ПОСЕТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ

Стотина ученици од петтите одделенија при ООУ „Хасан Приштина“ од скопската општина Чаир, денеска го посетија Центарот за селекција на отпадот на ЈП „Комунална  хигиена“ – Скопје.

За време на посетата, учениците беа едуцирани колку е значајна примарната селекција на отпадот и имаа можност да видат како се одвива процесот на неговото машинско балирање.

Тие научија дека старите кревети, фотељи, душеци, фрижидери, телевизори и шпорети не смеат да ги фрлаат во контејнерите, но можат бесплатно да ги одложат во центрите за селекција.

Малите гости од ООУ „Хасан Приштина“  ни ветија дека секој ден ќе го применуваат тоа што го научија во Центарот за селекција на отпадот, а од ЈП „Комунална  хигиена“ – Скопје сите на подарок добија капчиња и сликовница ,,Забавно рециклирање.

 

 

07.06.2019, 11:44 | 560 прегледи