ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА САРАЈ

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА САРАЈ

 

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА САРАЈ

 

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во текот на денешниот ден реализираа акција за генерално чистење на скопската општина Сарај.

Во рамките на акцијата беше извршено рачно и машинско метење и миење на главните и на сервисните улици во општината. Во реализацијата на активностите беа ангажирани 30 работници на терен, додека од механизацијата се употребуваа шест автоцистерни, мало комунално возило за рачно миење - ВАП, како и специјалните комунални возила -  метларки, патарки и кипери.

Пред големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе и рачно миење на поголемите исламски верски објекти во оваа скопска општина.

[ сабота, 01 јуни 2019 ] [ 1602 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar