02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ИСЧИСТЕНИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ИСЧИСТЕНИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за расчистување обемна дива депонија лоцирана на влезот на гробиштата во општината Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 60 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.    

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

И во оваа прилика ги информираме граѓаните на градот Скопје дека застарениот мебел и отпадот од електронска и електрична опрема може да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

16.05.2019, 09:33 | 472 прегледи