02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ВКУПНО 250 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД БЕА ИСЧИСТЕНИ ВО РАМКИТЕ НА МАСОВНАТА АКЦИЈА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

ВКУПНО 250 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД БЕА ИСЧИСТЕНИ ВО РАМКИТЕ НА МАСОВНАТА АКЦИЈА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје спроведе една од досега најмасовните акции за чистење диви депонии, со цел - подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот.

 Во рамките на акцијата беа исчистени вкупно 250 кубни метри отпад, а истовремено во општините Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел беа поставени посебни садови за собирање кабаст отпад, каде што граѓаните можеа да го исфрлат стариот мебел и отпадот од електронска и електрична опрема.

Акцијата се одвиваше во сите десет скопски општини, а на секоја од овие локации  земаа учество вработените во администрацијата на Претпријатието, општинската администрација, студентите од скопските универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и учениците од средните и основните училишта.

 

Ни претставува голема чест што нашата иницијатива ја поддржаа и амбасадите на САД и Франција, градоначалниците на сите скопски општини, јавните претпријатија, Економскиот факултет, Универзитетот на ЈИЕ, Универзитетот Мајка Тереза и Интернационалниот Балкански универзитет, Стопанската комора на РСМ, Секретаријатот за европски прашања, Европската конференција за медијација, Црвениот крст на РСМ, како и бројни невладини организации, граѓански здруженија и спортски клубови.

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје упатува благодарност до Македонската џиу џица федерација, Џудо клубот ИПОН,  Волонтерскиот центар – Скопје, Исламскиот  младински форум – FRI, ансамблот„Дрита е дервенит“, здружението на граѓани Илинденски марш“, боксерскиот клуб „Шкупи“,  атлетичарката Дрита Ислами, кошаркарот Тони Симиќ, боксерскиот клуб „Чигра“, карате-клубот „Наваши“, Македонскиот зелен корпус и др.

25.04.2019, 14:36 | 886 прегледи