02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ СПРОВЕДЕ МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ СПРОВЕДЕ МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Под мотото „Биди дел од чиста иднина“, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска организираше масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата се одвиваше во сите скопски општини, а во неа земаа учество неколку илјади граѓани - администрацијата на Претпријатието, општинската администрација, студентите од скопските универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и учениците од средните и основните училишта.

Целта на акцијата беше подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Почетокот на акцијата го означи директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, во присуство на в.д амбасадорката на САД во РСМ, г-ѓа Микаела Швајцер Блум, амбасадорот на Франција во РСМ, г. Кристијан Тимоние, градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, вицепремиерот Бујар Османи, градоначалникот на о.Чаир, Висар Ганиу, претставничката на Стопанската комора на РСМ, д-р Елена Милевска Штрбевска, деканите и професорите од Економскиот факултет, Универзитетот на ЈИЕ, Универзитетот Мајка Тереза и Интернационалниот Балкански универзитет, претставници од Секретаријатот за европски прашања, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски, како и директорите на јавните претпријатија при Градот Скопје.

 

„ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ја спроведува денешната акција со единствена цел - подигнувањето на свеста кај граѓаните за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што претставуваат директна закана за здравјето на граѓаните. Наша намера и желба е граѓаните да сфатат дека секој од нас преку својот однос и своите постапки сноси лична одговорност за заштитата на животната средина и дека секој може да придонесе да живееме во поубава и поздрава околина. Најискрено им се заблагодарувам на в.д амбасадорката на САД, г-ѓа Микаела Швајцер Блум, амбасадорот на Франција, г. Кристијан Тимоние, градоначалникот на Градот и градоначалниците на сите скопски општини, претставниците на институциите и на сите скопски универзитети, како и директорите на јавните претпријатија што ја поддржаа нашата иницијатива и со своето присуство на денешниот настан испратија јасна порака за важноста од совесното постапување со отпадот“ - истакна директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

24.04.2019, 13:13 | 868 прегледи