02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ И ГРАДОТ СКОПЈЕ

МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ И ГРАДОТ СКОПЈЕ

БИДИ ДЕЛ ОД ЧИСТА ИДНИНА!

На 24.04.2019, со почеток во 10 часот, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ќе започне масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата ќе се одвива истовремено во сите скопски општини, во неа ќе учествува администрацијата на Претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта.

Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Би сакале да ги поканиме сите граѓани на градот Скопје да ни се придружат во оваа иницијатива и со своето присуство да испратат јасна порака за важноста од совесното постапување со отпадот.

 

Акцијата ќе започне и ќе се одвива истовремено на следните локации:

Општина Гази Баба: Ул.808, од рест. „Дојрана“ кон Фершпед

Општина Аеродром: Транспортен центар, кон ФПИОМ и Кеј

Општина Кисела Вода: Сала Расадник

Општина Центар: Пред хотел ВИП, спроти МТВ, потегот кон МКЦ и МАНУ

Општина Карпош: Семафорите пред Момин поток, потегот кон Амбасадата на САД

Општина Ѓорче Петров: Игралиштата кај насипот, лево по семафорите кај Тинекс

Општина Сарај: Паркот во близина на општината

Општина Чаир: Топаана, раскрсницата меѓу ул.Џон Кенеди и бул.Македонско-косовска бригада

Општина Бутел: Серава, потегот кон Домот за згрижување „25 Мај“

Општина Шуто Оризари: Автобуска станица последна 19-ка

 

 

19.04.2019, 11:29 | 926 прегледи