ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / РАСЧИСТЕНИ ВКУПНО ТРИЕСЕТ КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

РАСЧИСТЕНИ ВКУПНО ТРИЕСЕТ КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

 

РАСЧИСТЕНИ ВКУПНО ТРИЕСЕТ КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

 

Во текот на вчерашната вечер и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа приближно триесет кубни метри отпад од две диви депонии лоцирани во општината Чаир. Едната дива депонија се наоѓаше до ООУ „Тефејуз“, каде што во ноќните часови, од страна на екипите во третата смена, беа  расчистени дваесетина кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчистија уште една дива депонија, лоцирана во непосредна близина на Турската амбасада, каде што се отстранети приближно десет кубни метри кабаст и градежен отпад. При расчистувањето на дивата депонија беа употребени специјално комунално возило -втоварувач и камион.

 

[ четврток, 18 април 2019 ] [ 1667 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar