02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Aкција за чистење дива депонија во општината Центар

Aкција за чистење дива депонија во општината Центар

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје вчера започнаа акција за расчистување голема дива депонија лоцирана на улицата Димче Мирчев, во близина на Факултетот за физичка култура, во скопската општина Центар.

Во рамките на акцијата досега се отстранети приближно триесет кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад, а од механизација се употребуваат специјалните комунални возила патарка, втоварувач и трактор. Активностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, до целосното расчистување на локацијата.

04.04.2019, 16:00 | 574 прегледи