02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА НАСИПОТ НА РЕКАТА ВАРДАР ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА НАСИПОТ НА РЕКАТА ВАРДАР ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска започна акција за чистење на пешачката и велосипедската патека на насипот на реката Вардар, во скопската општина Ѓорче Петров.  

„ ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје со дваесет работници на терен и со сета потребна механизација денеска ќе го исчисти непрописно одложениот отпад на оваа локација наменета за спорт и рекреација, а од граѓаните очекуваме да ја сочуваат и да ја одржат чиста, бидејќи тоа е за општо добро.“- изјави помошник -директорот Кемал Муслиу во оваа прилика.

 Акцијата ја поздрави и претставникот од Секторот за урбанизам при општината Ѓорче Петров, Никола Лазаревски, којшто нагласи дека природата ни припаѓа на сите и наша должност е преку правилното одлагање на отпадот да ја заштитиме животната околина.

 

 

25.02.2019, 12:32 | 358 прегледи