02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна акција за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, во скопската општина Карпош. Почетокот на акцијата го означија помошник-директорот за оперативно-технички работи, Етула Амети, градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев и директорот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, Дарио Николовски.

Градоначалникот Богоев им се заблагодари на екипите на „ЈП „Комунална хигиена“-Скопје за интервенцијата и ја истакна потребата од зголемен инспекциски надзор и контрола, за да се одржи нивото на хигиената на јавните површини во општината.

 „ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе неколку акции за чистење на студентските домови и универзитетите, затоа што веруваме дека студентите заслужуваат да учат и да живеат во чиста и здрава средина. Се надеваме дека нашите активности ќе резултираат со зголемување на свесноста за важноста на совесното и правилно одлагање на отпадот.“ – изјави помошник-директорот Амети.

Во расчистувањето на големото количество градежен отпад од дворот на студентскиот дом, се ангажирани десет работници на „ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека од механизацијата се користат втоварувач, кипер и специјално комунално возило-патарка.

 

 

 

21.02.2019, 12:19 | 567 прегледи