02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ДЕЖУРНАТА СЛУЖБА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ВЕЧЕРВА ГО РАСЧИСТУВА СНЕГОТ ВО СКОПЈЕ

ДЕЖУРНАТА СЛУЖБА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ВЕЧЕРВА ГО РАСЧИСТУВА СНЕГОТ ВО СКОПЈЕ

Со 40 работници од Дежурната служба, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје вечерва спроведува активности за чистење на снегот од скопските булевари и поголемите градски улици.

Се расчистува и централното градско подрачје големиот ринг, плоштадот и улицата Македонија, како и реонот околу Градската болница, Владата и Собранието на РМ. Со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците, постојано се посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза, Камениот мост и Мостот на револуцијата.

Од механизацијата се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол. Во согласност со временските прилики и условите, активностите ќе продолжат и во текот на ноќта.

25.01.2019, 21:13 | 376 прегледи