02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подготвени за расчистување на снегот и мразот

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подготвени за расчистување на снегот и мразот

Во текот на вчерашната ноќ и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваа нападнатиот снег на булеварите и улиците во сите скопски општини.

Во текот на вчерашната ноќ и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваа нападнатиот снег на булеварите и улиците во сите скопски општини.

Со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците, беше извршено и посолување на пешачките патеки и тротоарите на: мостот „Гоце Делчев“, Камениот мост, Мостот на уметноста, мостот „Око“, Мостот на револуцијата, мостот „Слобода“ и мостот на Бит пазар.

Во зависност од временските прилики, активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат и во текот на вечерните и ноќните часови, со сета расположлива механизација и човечки ресурси.

18.12.2018, 14:45 | 533 прегледи