02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЗАПОЧНА МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ

ЗАПОЧНА МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ

Во текот на денешниот ден екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во соработка со Градот Скопје, скопските општини и јавното претпријатие „Паркови и Зеленило започнаа масовна акција за генерално чистење на сите градски и општински улици, како и парковите во Скопје.

 

ЗАПОЧНА МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ 

Во текот на денешниот ден екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во соработка со Градот Скопје, скопските општини и јавното претпријатие Паркови и Зеленило започнаа масовна акција за генерално чистење на сите градски и општински улици, како и парковите во Скопје.

Акцијата почна во Општина Ѓорче Петров со генералка на улиците "Ѓорче Петров", "4.Јули" и "Социјалистичка зора", а ќе продолжи на другите улици.

Во акцијата учествуваат 50 работници, додека од механизација се употребуваат  две автоцистерни ( дење и ноќе),  две специални комунални возила - кипер и едно специално комунално возило - метлачка.

Акцијата за генерално чистење ќе продолжи и во текот на наредните неколку дена, а ќе ги опфати сите општини во Град Скопје.

14.08.2018, 13:17 | 370 прегледи