Во текот на изминатите неколку дена, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје пристапи кон генерално чистење и уредување на просторот во стационарот за бездомни животни „Вардариште“.
Покрај генералното чистење, во текот на претстојните неколку дена ќе биде спроведена и дезинфекција и дератизација на просторот.
ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје перманентно работат на подобрување на третманот на бездомните кучиња, како и на подобрување на условите во стационарот „Вардариште“, во секој поглед.
Во текот на 2016 година се направени нови 50 бокса (наменети за сместување на по едно куче), спуштен е плафонот, сменета е електричната инсталација, изведена е вентилација и изолација, спроведено е парно греење со посебна потстаница, објектот е варосан, инсталирано е внатрешно и надворешно осветлување, а поставени се и херметички врати и прозорци.
Со реновирањето и опремувањето на објектот ќе се продолжи и во текот на 2018 година, за што веќе се предвидени и одобрени средства, а во план е и набавка на ново возило за заловување и транспорт на бездомните кучиња и подигнување на мршите од скопските улици.
09.02.2018, 09:51 | 803 прегледи