02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Извршено комплетно сервисирање на подземните контејнери во општините Центар и Чаир

Извршено комплетно сервисирање на подземните контејнери во општините Центар и Чаир

Во текот на изминатите пет дена, во периодот 21-25 декември 2017, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за комплетно сервисирање на подземните контејнери поставени во рамките на првата фаза од Проектот за инсталирање систем за подземни контејнери во градот Скопје.

Во рамките на акцијата се сменети сите тркалца, црева, спојки и вентили на вкупно 55 подземни садови за собирање на отпадот во општините Центар и Чаир.

Во 2017 година, ЈП „Комунална хигиена“ -  Скопје ја заокружи третата фаза од Проектот за инсталирање систем за подземни контејнери во градот Скопје, во чиишто рамки досега се поставени вкупно 118 садови на 40 локации. Подземните контејнери имаат зафатнина од три кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. На тој начин се намалува и непријатната миризба што се шири од отпадот, како и можноста за негово разнесување во околината. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и животната средина. 

25.12.2017, 10:07 | 485 прегледи