25.04.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-15ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

10та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - Води и отпад - реалност и предизвици
Актуелности
УСВОЕНА ОДЛУКАТА ЗА НОВАТА ВРЕДНОСТ НА БОДОТ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП “КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

12.04.2018  11:17

12.04.2018г.

На вчерашната седница на Советот на Градот Скопје беше усвоена Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје за новата вредност на бодот за пресметување на личните доходи на вработените во Претпријатието.
 Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, го изрази своето огромно задоволство од донесената одлука и нејзините предвидени ефекти.
„Особено значаен е фактот дека по речиси десет години стагнирање во висината на личните доходи, со оваа одлука ќе се обезбедат повисоки примања пред сѐ кај вработените во секторот Комунална хигиена, односно кај давателите на јавни услуги, коишто го носат и главниот терет во извршувањето на активностите на Претпријатието на улиците на нашиот главен град. Ми претставува особена чест што оваа одлука ја донесовме и ќе ја спроведеме во рамките на мојот мандат на раководење со ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и очекувам дека во годините што претстојат ќе бележиме позитивни резултати во работењето, но и поголемо задоволство кај вработените во Претпријатието.“ – истакна директорот Абдусамед Шабани.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.