25.04.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-15ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

10та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - Води и отпад - реалност и предизвици
Актуелности
Се одржа еко- манифестацијата „Децата и КХС во светот на екологијата“

27.03.2018  14:17

19.03.2018г.
По повод „Деновите на пролетта и на екологијата“, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во соработка со Секторот за животна средина при Градот Скопје, денеска ја организираше еко-манифестацијата „Децата и КХС во светот на екологијата“.
Манифестацијата се одржа во Градскиот парк и во неа учествуваа ученици од училиштата и дечиња од градинките од сите скопски општини.
 ЈП „Комунална хигиена“ со години наназад организира еко-предавања во основните училишта и еко-работилници во градинките, а за потребите на манифестацијата „Децата и КХС во светот на екологијата“ секое училиште доби задача да изготви изработка од отпаден материјал и со неа да се натпреварува со другите училишта. 
Во рамките на манифестацијата беа доделени наградите за трите најуспешни изработки од училиштата, така што првата награда ја понесе OУ „Лазо Ангеловски“ од општината Аеродром, втората награда – ОУ „Тефејуз“ од општината Чаир, додека третата награда ја освои ОУ „Кочо Рацин“ од општината Центар. Специјална награда за постојаниот придонес кон заштитата на животата средина му беше доделена на Центарот за лица со посебни потреби „Порака“.
Дечињата од градинките ја збогатија програмата  претставувајќи се со свои еколошки точки, додека секое училиште имаше учесници и во спортските игри што се одвиваа со едукаторите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
На еко-манифестацијата присуствуваа директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов и постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Лујза Винтон.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, во оваа прилика нагласи дека денешниот хепенинг претставува само уште еден од низата проекти на Претпријатието коишто се насочени кон едукацијата на најмладата популација како правилно да постапуваат со отпадот и да ја заштитат својата животна средина и кон нивното информирање за придобивките од селекцијата и рециклирањето на отпадот. Тој ја изрази својата лична заложба овој проект да прерасне во традиционален и да биде сѐ поуспешен секоја наредна година.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.