23.04.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-15ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

10та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - Води и отпад - реалност и предизвици
Актуелности
АКТИВНОСТИ НА ШТАБОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

12.02.2018  13:20

12.02.2018г.

На ден 09.02.2018 година, беше одржан состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, на којшто беа изгласани мерки за превенција од можното излевање на речните води од нивното корито.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веднаш пристапија кон реализација на донесените мерки и во таа насока во текот на викендот 10-11 февруари 2018 година, беше поставен заштитен насип од вреќи со песок на локација во близина на ПИОМ, којашто е оценета за високоризична со можност за излевање на водите од реката Вардар.
Во рамките на превентивните мерки, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изврши увид на состојбата на клучката кај хотелот Континентал, подвозниците на булеварот Србија, булеварот Војводина и улицата Бихаќка, како и  подвозникот кај Стоковната куќа „Мост“, утврдувајќи ги можните ризици за запушување на шахтите.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје исто така формираше и дежурен тим од десет работници, коишто со две товарни возила ќе извршат првични интервенции при евентуални излевања на водите од реката Вардар.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.