22.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги реализираше едукативните предавања и еколошките работилници во општината Карпош

01.09.2018  12:31

Едукаторите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје завршија со еко-предавањата во основните училишта и градинките на територијата на општината Карпош. Со едукацијата на тема „Правилното постапување со отпадот и грижата за хигиената во градот“, тие ја постигнаа целта за подигнување на свеста кај младата популација за зачувување на животната средина, здравјето на луѓето и придобивките од селекцијата и рециклирањето на отпадот. Предавањата се одржаа на ученици од  одделенската настава од четврто и петто одделение, на македонски  и на албански наставен јазик. Во градинките беа опфатени децата од големата предучилишна група. 
Со  еко- предавањата на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје беа опфатени следните основни  училишта:
ООУ ,,Братство’’
ООУ ,,Вера Циривири Трена’’
ООУ,, Владо Тасевски’’
ООУ ,,Војдан Чернодрински’’
ООУ ,,Димо Хаџи Димов’’
ООУ ,,Јан Амос Коменски’’
ООУ,, Лазо Трповски’’
ООУ,, Петар Поп Арсов’’
ООУ,, Христијан Тодоровски Карпош’’

Во рамките на предавањата беа едуцирани вкупно 449 ученици, при што во таа насока се употребуваа видео-материјали за рециклирање на отпадот и нагледни средства - гранулатот, претформи на пластични шишиња, синтетичко влакно и сл. На крајот од секое предавање, на учениците им беше  поделена новата едукативна сликовница „Забавно рециклирање“, што ЈП „Комунална хигиена“- Скопје посебно ја изработи за оваа намена.
Со еколошките работилници  беа опфатени следните четири градинки со нивните објекти: ,,Распеана младост“, ,,Пролет“ (со три објекти), „Орце Николов“ (со три објекти) и ,,Мајски цвет“ (со четири објекти). За време на еколошките работилници беа едуцирани  вкупно 415 дечиња. Предавањата во градинките беа прилагодени на возраста на децата, при што преовладуваше интерактивниот метод на работа организиран во вид на еколошки работилници.
Оваа активност е составен дел од Годишната програма на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, за подигање на јавната свест, а ја реализира Службата за развој. Активностите беа реализирани во текот на месеците октомври, ноември и декември 2017 година.
Едукативните предавања и еколошките работилници на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје продолжуваат во општините Ѓорче Петров и Центар.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати