24.10.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
АПЕЛ ДА СЕ ОВОЗМОЖИ ПРИСТАП НА ВОЗИЛАТА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ДО САДОВИТЕ ЗА ОТПАД

22.09.2017  16:02

22.09.2017г.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до надлежните институции да обезбедат пристап на нашите возила до локациите каде што се поставени садовите за собирање на отпадот, за екипите на Претпријатието да можат истите навремено да ги испразнат и сервисираат.
Како и неколкупати досега, во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје деновиве стигнаа дојави и поплаки од граѓаните дека садовите за отпад во близина на Зелениот пазар не се празнат редовно. 
По проверката на состојбата на терен, нашите екипи констатираа дека пристапот на возилата на  ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје до садовите за отпад е целосно оневозможен поради големиот број непрописно паркирани приватни возила што целосно ги блокираат поставените садови. Активностите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје не зависат само од вработените и опременоста на Претпријатието, туку и од условите на терен. За нашите возила да можат навремено да ги празнат садовите за отпад, тие мора да имаат непречен пристап до овие садови.

Од тие причини, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје уште еднаш упатува апел до надлежните инстутуции да ги преземат потребните активности на терен, за да се овозможи непречено собирање на отпадот од садовите за отпад и на тој начин да се спречи загадувањето на животната средина.

Забелешка: На фотографиите снимени на 22.09.2017 година, се прикажани садовите за отпад на локацијата Зелен пазар пред и по интервенцијата на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, коишто беа принудени рачно да го отстранат отпадот од садовите.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати