24.10.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
AKЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ЧАИР ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ

30.08.2017  13:07

30.08.2017г.

Во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам, во текот на вчерашниот и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за чистење на скопската општина Чаир. 

Во акцијата се  ангажирани 65 работници, додека од механизацијата се употребуваат: две големи и една мала метлачка, едно специјално комунално возило – пијаџо, три специјални комунални возила – кипери, еден втоварувач и две автоцистерни.

Во рамките на акцијата за чистење на општината Чаир, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се ангажирани во првата и во третата смена - кога се врши миење и метење на поголемите сообраќајници во оваа скопска општина. Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе продолжат и во текот на целиот утрешен ден.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати