22.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
ЈП „Комунална хигиена“ апелира до скопските општини да го расчистат снегот и мразот на улиците што се во нивна надлежност и да овозможат пристап на комуналните возила

25.01.2017  15:18

25.01.2017

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира скопските општини да го расчистат снегот и мразот на оние улици што се наоѓаат под нивна надлежност.
Поради нерасчистените општински улици, изминатиов период се случуваше возилата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје да немаат пристап до садовите за отпад што се поставени во овие улици и од тие причини садовите остануваа неиспразнети и по неколку денови, за што имаме бројни реакции од граѓаните.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден, не се испразнети садовите на следните улици:

-Во општината Центар: Славејко Арсов

-Во општината Карпош: Тафталиџе, Будимпештанска и Џумајска.

-Во општината Кисела Вода: ул. 1439 и Христо Татарчев.

-Во општината Аеродром: Ѓорги Крапчев и Тодор Чангов. 

-Во општината Чаир: Халим Алимиќ. 

-Во општината Ѓорче Петров:  Алексо Демниевски.

-Во општината Шуто Оризари  - Че Гевара, Виничка, Морава и Македонско-косовска бригада.

Поради нерасчистениот снег и лизгавоста на теренот, во наведените улици не е возможен пристап на нашите возила, а екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје имаа неколку безуспешни обиди да влезат во овие улици, но садовите останаа неиспразнети поради безбедноста на вработените и граѓаните коишто би можеле сериозно да бидат доведени во опасност доколку се случи превртување на некое комунално возило. 
Веднаш штом се создадат услови за пристап на специјалните комунални возила, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи со своите активности со вообичаената динамика.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати