22.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
Триесет административци од ЈП „Комунална хигиена“ денеска го расчистуваат нападнатиот снег и мраз во централното градско подрачје

17.01.2017  11:12

17.01.2017

Во расчистувањето на нападнатиот снег и мразот во централното градско подрачје, денеска учествуваа и триесет административни работници од  ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Расчистувањето се вршеше на плоштадите: „Македонија“ и „Пела“, улицата Македонија (потегот Мал ринг), како и на просторот околу Градскиот трговски центар.

Освен администрацијата, сто работници од секторот Јавна комунална хигиена, во текот на целиот ден работат на расчистување на снегот на поголемите улици и булевари во сите скопски општини: 

-Во општината Центар: ВМРО, Димитрија Чуповски, Филип Втори, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Мајка Тереза, Кочо Рацин и Илинденска. 

-Во општината Карпош: Партизанска. 

-Во општината Кисела Вода: Потегот од 11-ти Октомври до Градската болница и бул. Борис Трајковски. 

-Во општината Аеродром: булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу. 

-Во општината Чаир: булеварот Втора македонска бригада и улиците: Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош и Цветан Димов. 

-Во општината Бутел: Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина.

-Во општината Гази Баба - булеварот Александар Македонски, Војводина, Коце Металец и Благоја Стефковски

-Во општината Ѓорче Петров  - улицата Ѓорче Петров.

Расчистување се врши и пред Владата и Собранието на РМ, како и на просторот пред Градската болница.

Од механизацијата се користат: шест мотокултиватори, едно специјално возило „хијета“, како и три патарки за расфрлање на сол. 

Активностите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.


 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати