22.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / КХС во медиуми / КХС во медиуми
КХС во медиуми
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
КХС во медиуми
ГРАДСKАТА ВЛАСТ СО РЕШЕНИЕ ПРОТИВ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

26.11.2013  11:42

Kомуналците на повик ќе собираат и бојлери и шут

Проблемот со цврстиот кабаст отпад мора да се реши со формирање на посебна служба за негово собирање, која би работела на повик на граѓаните, му предложи градоначалникот Kоце Трајановски на директорот на „Kомунална хигиена“, Ракип Дочи, на средбата со граѓаните која неодамна се одржа во Општина Центар.

Во моментов јавното комунално претпријатие нема ваква служба, па граѓаните или го оставаат крупниот отпадот до контејнери, го мешаат со комуналниот смет во црни вреќи или, пак, најмуваат приватни превозници кои им го собираат, а потоа нелегално го фрлаат на диви депонии. Знаејќи го ова, а во насока на заштита на животната средина, од „Kомунална хигиена“ како и некои општини, самоиницијативно и без надомест организираат по две-три акции годишно за подигање на цврст габаритен отпад, но и тоа е недоволно за добивање на битката со несовесните граѓани.

Идејата на Трајановски е претпријатието да најде начин и во наредниот период да оформи систем и екипа за собирање и транспортирање шут, душеци, стар мебел, гуми, но и електронски отпад, како стара бела техника, расипани телевизори, фрижидери и сл. Тие ќе се носат на определено место што ќе го маркира Градот. На тој начин, според градоначалникот, значително ќе влијаат на решавање на горливиот проблем со дивите депонии. Нивниот број, според Трајановски, е намален во изминативе години, но во секој случај нивното постоење с` уште и тежи на градската администрација.

- Ајде да донесеме ценовник и секој што нешто урива по дома да знае каде да се јави за да му го соберат и однесат шутот. За ова мора сериозно да се размисли, да се препорача ваква одлука на Управниот одбор на „Kомунална“, а потоа оформениот ценовник да дојде на дневен ред на Советот на Град Скопје за усвојување - рече скопскиот градоначалник.

На средбата со граѓаните од месните заедници во Центар, Трајановски доби неколку поплаки за разни диви депонии на територијата на оваа општина. На пример на улицата Боте Боцевски, каде што, како што кажаа, и покрај тоа што екипи од „Kомунална“ чистат, продолжува неконтролираното фрлање ѓубре. Градоначалникот им наложи на градските редари да ја засилат контролата за фаќање на загадувачите, но не само на оваа локација, туку и на други, кои се добро познати.

- Ако треба, во иднина ќе предложиме и зголемување на казните, кои сега изнесуваат 50 евра. Не сакаме повеќе да чистиме депонии - децидно порача првиот човек на Скопје.

Идејата на Трајановски за формирање служба за собирање кабаст отпад ја прифати директорот на „Kомунална“, Ракип Дочи, со став дека на тој начин ќе ги заштитат и новите хидраулични возила од камења, шут, плочки и друг отпад што граѓаните им го подметнуваат со комуналното ѓубре. Друг бенефит од ваквата одлука ќе биде и заштитата на животната средина. На пример, пред еден месец, подводните нуркачи во езерото Матка, извлекоа 200 тони цврст отпад, што е поразувачки податок за свеста на граѓаните за чувањето на природата.

Јорданка Ивановска

Објавено во Дневник Датум: 25.11.2013, 18:05...(оригинален линк)

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати