22.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / КХС во медиуми / КХС во медиуми
КХС во медиуми
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
КХС во медиуми
ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ СОЗДАВАЊЕТО ДИВИ ДЕПОНИИ

25.09.2013  08:46

Сто евра казна за фрлање шут
Од 50 на 100 евра се зголемува казната за фрлање градежен шут на недозволени места, што е насекаде освен на организирана депонија. Со измените на Законот на јавната чистота, кои се во процедура, ќе се зголеми и казната за уништување урбана и друга опрема, исто така, од 50 на 100 евра. Се очекува дека измените на законот ќе доведат до поголема дисциплина на граѓаните, особено кога е во прашање фрлањето на градежниот шут.

Многу граѓани при реновирање на домовите искршените плочки, иверки, малтер и сл. ги собираат во вреќи и ги фрлаат покрај или во контејнер или го товарат во приколки и го истураат на ливадите, во реките, на бреговите и на дивите депонии, што е забрането. За да се ослободат легално од шутот, граѓаните треба да платат за негов превоз и депонирање во депонија, што веројатно ги мотивира да прават прекршоци и шутот да го фрлат каде што ќе им се види згодно и безбедно од комунални инспектори.

Се кршат контејнерите и камионите

Во Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ велат дека несовесно фрлениот градежен шут им создава проблеми, односно од него се оштетуваат контејнерите и камионите за комунален смет.

- Градежниот шут често е прикриен во контејнерот со друг отпад и не се гледа, а со неговото фрлање нам ни се нанесува само штета. Од тежината се кршат тркалата на контејнерите, а ако работниците не го забележат и го истоварат во камионите, тие се оштетуваат. Нашите камиони не се наменети за транспортирање градежен шут, туку само за комунален смет - изјави директорот на „Kомунална хигиена“, Ракип Дочи.

Тој објасни дека како градско комунално претпријатие не се обврзани да го подигаат градежниот шут.

- Градежниот шут е обврска на самите создавачи, без разлика дали се правни или физички лица. Оној што го реновира станот треба да си изнајми фирма и да си плати за шутот да биде транспортиран до депонијата „Дрисла“. За да им излеземе пресрет на граѓаните, ние двапати во текот на годината во соработка со општините организираме акции и поставуваме големи контејнери за собирање стар мебел, кабаст отпад, па и градежен шут - потенцира Дочи.

Портпаролката на претпријатието Ана-Марија Бранѓолица објасни дека тие имаат екопатрола што составува записници, но не казнува, односно за изрекување казни се надлежни општинските комунални инспектори.

- Ако нашата екопатрола ги фати на самото место оние што фрлаат градежен шут, прави едукативен записник. Во текот на јули се направени вкупно 230 едукативни записници од кои 106 се за неправилно третирање отпад. Истиот месец, на нашиот дежурен телефон

3216-644 имаше една пријава од граѓанин за неправилно третирање отпад - вели Бранѓолица.

Одлагање тон шут чини 210 денари

Во депонијата „Дрисла“ велат дека тие не се надлежни за транспортирање на градежниот шут, туку кај нив тој само се депонира.

- Самите граѓани го носат шутот кај нас. Цената за депонирање изнесува 210 денари за тон. Ние сме отворени 24 часа, па граѓаните слободно можат кога сакаат да дојдат и легално да се ослободат од шутот - вели Дијана Вељановска, шеф на кабинетот на директорот на „Дрисла“.

Според податоците од „Дрисла“, минатата година биле депонирани 3.945 тони градежен шут, а годинава, заклучно со август, 2.610 тони шут.

Во општините очекуваат најновите измени на Законот за јавната чистота ќе придонесат за почиста околина. Во Kисела Вода, каде што летово организираа неколку акции за расчистување диви депонии, велат дека тие чистат, а граѓаните упорно фрлаат ѓубре на местата каде што се навикнати. Дури и на територијата на Центар се детектирани 20 диви депонии, кои Општината полека ги расчистува. Досега само Општина Kарпош се пофалила дека на нејзината територија веќе нема диви депонии, а во Ѓорче Петров велат дека депонии имаат само во руралните делови од општината.
Анела Петрова
Задолжително фотографирање при општокорисна работа
Лицата што наместо да ја платат казната за фрлање ѓубре на недозволени места решиле да вршат општокорисна работа како порамнување на долгот, отсега ќе мора да бидат фотографирани за да се докаже дека ја извршиле казната. Овие измени во Законот за јавната чистота следуваат за да се избегне практиката граѓаните да добиваат потврда без да ги одработат потребниот број часови општокорисна работа.

Притоа, пропишана е обврска за овластените лица во јавните претпријатија или правните лица каде што се врши општокорисната работа, да извршат фотографирање на лицата и да ги чуваат фотографиите најмалку една година. Овластеното лице е должно најмалку двапати да го фотографира лицето што врши општокорисна работа, пред и по завршувањето на задачата.

Притоа, државните комунални инспектори ќе вршат надзор дали во јавното претпријатие директорот овластил лице за контрола при извршувањето на општокорисната работа.

Ако директорот на претпријатието издаде потврда некому без да биде извршена општокорисна работа или ако не овласти лице за фотографирање, ќе му се изрече глоба од 3.000 евра во денарска противвредност. Со 2.000 евра ќе се казни овластеното лице ако не врши контрола или не изготви писмен извештај за извршена општокорисна работа. Толкава е и казната за лицето што треба да фотографира ако не ја изврши задачата и ако не ги чува фотографиите од извршената општокорисна работа.

Објавено во Дневник Датум: 23.09.2013, 16:25...(оригинален линк)
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати