22.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / КХС во медиуми / КХС во медиуми
КХС во медиуми
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
КХС во медиуми
Ѓубрето под земја е посигурно

16.04.2013  10:07

Подземниот систем за одложување отпад досега функционира беспрекорно, не се шири миризба, a сметот се селектира

БОЈАН ШАШЕВСКИ


Четири месеци откако беше инсталиран првиот подземен контејнер на аголот на улиците „Даме Груев“ и „Никола Кљусев“ (бивша „Максим Горки“) во ЈП „Комунална хигиена“ се презадоволни од досегашното искуство со подземниот систем за одложување отпад. Тврдат дека постепено се губи сликата со расфрлано ѓубре околу контејнерите, не се шири ужасна миризба, а се крати и можноста за палење на сметот. Нема простор ниту за индивидуални собирачи и препродавачи на пластични шишиња.

Многумина се запрашаа како претпријатието ги празни контејнерите и дали притоа врши селекцијата на отпадот, имајќи предвид дека истите камиони ја собираат содржината од подземните контејнери за пластика и од оние за мешан отпад.

„Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што се употребуваат три од постојните возила на ’Комунална хигиена’, кои се специјално надградени за оваа намена. Секој контејнер поединечно собира по 3 кубици, што значи еден таков заменува 3 класични лимени садови. Тоа ни дозволува подземните контејнери наменети за ПЕТ-амбалажа да ги празниме еднаш во две недели, а другите 2-3 пати неделно. Не се празнат истовремено и се овозможува селекција и прераспределба на собраниот шут“, вели директорот на „Комунална“, Ракип Дочи.

Низ централното подрачје веќе има 14 микролокации за подземни контејнери, а во тек е изградба на уште една хидраулична платформа. Подземниот систем предвидува 10 локации-платформи со по 3 контејнери од кои два се за мешан комунален отпад (зелени) и еден за ПЕТ-амбалажи (жолт). На останатите локации има по четири контејнери, некаде два зелени плус два жолти, или, пак, три за мешан отпад и еден за пластика.

Вакви платформи има спроти главната пошта, на улицата „Никола Кљусев“, спроти „Рамстор“, спроти „Дрводекор“, на паркингот на кај „Трготекстил“, потоа во Дебар Маало, кај Градска болница... Модернизирањето на системот за одложување отпад стигна и на две локации во Чаир - кај „Веро“ и кај маркетот „Принц“.

„Најодговорно тврдам дека подземните контејнери ги даваат посакуваните резултати. Ѓубрето под земја е посигурно. И не само тоа, презадоволни сме и од граѓаните кои совесно и културно постапуваат и одложуваат отпад според инструкциите на налепниците на контејнерите. Мешаниот отпад уредно го врзуваат и си го ставаат во кеса, а потоа го фрлаат во зелениот сад, бидејќи не го собира во отворот на жолтите контејнери“, вели директорот Дочи, потенцирајќи дека единствено имале проблем со паркирани возила на платформата кај „Трготекстил“.

„Приодот кон контејнерите мора да е отворен и слободен, во спротивно реагира сообраќајната полиција. Но, постојано ја следиме ситуацијата со подземниот систем. Досега сме немале никакви потешкотии. Ова е убав, скап, ефикасен проект. Вакви системи има и во метрополи како Белград и Љубљана, но нашиот е уште подобар, бидејќи овие градови имаат проблем со површинските води“, вели Дочи.

За проектот се издвоени 33 милиони денари, од кои носителот „Комунална хигиена“ - 13, а Град Скопје и Општината Центар по 10 милиони денари.

Објавено во Утрински весник: 12.04.2013, 17:38 2013...(оригинален линк)
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати