24.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / КХС во медиуми / КХС во медиуми
КХС во медиуми
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
КХС во медиуми
„Комунална хигиена“ промовира 10 возила за смет

19.02.2013  11:33

Градот и ЈП „Комунална хигиена“ ги промовираа новите 10 специјализирани возила за собирање смет и 5 мотокултиватори.

- Денеска имаме промоција на новите 10 камиони за собирање смет, наменети за подобрување на хигиената, пред се, во делот на јавната чистота, односно за пристап до помалите и тесни улички и патеки. Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори со комплетна приклучна опрема, односно со приклучок за собирање снег во зима, четки за метење тротоари и патеки, како и фреза и друга опрема. - истакна градоначалникот Коце Трајановски.

10 нови специјални комунални возила  се со капацитет на надградба од 1,5м3. Шасијата на камионите е oд кинеска компанија ДСМ, а надградбата е на турската фирма „Јени Балкан“. Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори од познатата марка ГОЛДОНИ со јачина од 12 коњски сили и комплетна приклучна опрема.

За набавка на 10 камиони се издвоени околу 9 милиони денари, а за мотокултиватори околу 2 милиона денари, средства што се целосно обезбедени од ЈП „Комунална хигиена“.

Објавено во Инфоплус: Понеделник, 19 Февруари 2013 07:53...(оригинален линк)
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати