25.04.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-15ч): 321 66 44
 почетна / КХС во медиуми / КХС во медиуми
КХС во медиуми
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

10та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - Води и отпад - реалност и предизвици
КХС во медиуми
Нова опрема за ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ - Скопје

19.02.2013  11:19

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска /18.02.2013 година/ ги промовираа новите 10 специјализирани возила за собирање смет и 5 мотокултиватори на ЈП „Комунална хигиена“.

-Денеска имаме промоција на новите  10 камиони   за собирање смет, наменети за подобрување на хигиената, пред се во делот на јавната чистота, односно за пристап до помалите и тесни улички и патеки. Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори со комплетна приклучна опрема, односно со приклучок за собирање  снег во зима,  четки за метење тротоари и патеки, како и фреза и друга опрема. Со набавката на оваа нова опрема може да кажеме дека го исполнивме ветувањето коешто го дадовме во 2009 година и го опремивме јавното претпријатие „Комунална хигиена“ со комплетно нова опрема и возила за собирање отпад, како и дека  ја подобривме хигиената во градот- истакна градоначалникот Трајановски.Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, се заблагодари за финансиската поддршка којашто во текот на изминатите години   ја добиваше од Градот и истакна дека таа поддршка придонесе тие да прераснат во успешно претпријатие коешто  денеска  промовираа  према  набавена  од сопствени средства.

10 нови специјални комунални возила  се со капацитет на надградба од 1,5м3. Шасијата на камионите е oд кинеска компанија ДСМ, а надградбата е на познатата турска фирма Yeni Balkan.Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори од познатата марка ГОЛДОНИ со јачина од 12 коњски сили и комплетна приклучна опрема.За набавка на 10 камиони се издвоени околу 9 милиони денари, а за мотокултиватори околу 2 милиона денари,  средства  коишто се целосно обезбедени од ЈП„Комунална хигиена“.


Објавено во Сител: Понеделник, 18 Февруари 2013 13:19...(оригинален линк)
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.