24.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Проекти / Проекти 2010
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Јавни набавки
Проекти 2010
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Проекти 2010
Започнаа градежните активности за инсталирање систем за подземни контејнери во Скопје

25.01.2013  09:45

06.12.2012

Денеска, на улицата Максим Горки во строгиот центар на Скопје, беше свечено одбележан почетокот на градежните активности за инсталирање систем за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад. На настанот присуствуваа директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, градоначалникот на Градот Скопје, Коце Трајановски, како и градоначалникот на општината Центар, Владимир Тодоровиќ.
Системот за поставување подземни контејнери ќе го инсталира словенечката  фирма „Атрик“ од Љубљана, а во првата фаза на овој проект садовите ќе се постават на 14 локации во општината Центар и на една локација во општината Чаир. Подземните контејнери ќе бидат поставени во рок од 60 дена од почетокот на градежните активности, на тој начин што на десет локации ќе се постават по три контејнери - два за мешан комунален отпад и еден за ПЕТ-амбалажа, а на пет локации ќе бидат поставени по четири контејнери -  три за мешан комунален отпад и еден за ПЕТ-амбалажа.

Овие контејнери ќе бидат со зафатнина од три кубни метри, во нив отпадот ќе се складира на пониска температура и нема да зафаќаат слободна површина над земјата. На тој начин ќе се намали и непријатната миризба што се шири од отпадот, како и можноста за негово разнесување во околината. За нивно празнење ќе се употребуваат постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто ќе бидат специјално надградени за оваа намена.
Системот за собирање на комуналниот отпад со подземни контејнери веќе подолг период успешно се применува во Европа и во светот.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати