24.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Проекти / Проекти 2010
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Јавни набавки
Проекти 2010
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Проекти 2010
Учениците од ОУ „Исмаил Ќемали“ се запознаа со работата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

25.01.2013  09:44

15.11.2012

На 15 ноември 2012 година, дваесет ученици од шесто и седмо одделение во ОУ„Исмаил Ќемали“ во општината Чаир, го посетија Рециклажниот двор при ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, како и прес-контејнерот и посебните садови за одлагање отпад поставени во новиот трговски центар Skopje City Mall.
Младите посетители беа запознати со процесот на селекција на отпадот и неговото понатамошно рециклирање, им беше претставен  процесот на балирање на картонот и пластиката, при што им беа презентирани и крајните производи од рециклирањето на пластиката и на хартијата- рециклираната хартија, гранулатот и епруветите од коишто потоа се произведуваат нови производи. Во Рециклажниот двор, тие имаа можност да ги разгледаат и специјалните контејнери за одлагање на кабастиот и електронскиот отпад.
По посетата на Рециклажниот двор при ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, учениците се упатија кон новиот трговски центар Skopje City Mall, каде што им беше презентиран новиот прес-контејнер наменет за собирање на отпадот од хипер-маркетот Карфур, како и специјалните садови за одлагање на пет-амбалажа, картон и лименки, коишто се употребуваат во овој трговски центар, а се поставени и сервисирани од страна на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје.
Посетата на учениците од ОУ„Исмаил Ќемали“ беше снимана за потребите на емисијата „Dua tё di“, која се прикажува на вториот канал на Македонската телевизија.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати