24.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Проекти / Проекти 2010
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Јавни набавки
Проекти 2010
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Проекти 2010
БЕСПЛАТНИ ПЛАСТИЧНИ КАНТИ ЗА ИНДИВИДУАЛНИТЕ ДОМАЌИНСТВА ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

25.01.2013  09:44

17.10.2011

Во месец мај 2011, Градот Скопје го започна проектот „Подобрување на општинските услуги“, финансиран од Светската банка, со цел-подобрување на одржувањето на јавната хигиена на целото градско подрачје. За оваа намена, Градот Скопје се задолжи со заем кај Република Македонија во вкупен износ од 183 милиони денари, од коишто 60 милиони денари се наменети за набавка на садови за отпад, а 123 милиони денари за набавка на специјални комунални возила.
Проектот „Подобрување на општинските услуги“ започна со распределување бесплатни пластични канти на индивидуалните домаќинства во општината Кисела Вода, по што продолжи во општините Центар, Аеродром, Чаир, Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.
На 15.10.2011, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Ракип Дочи и градоначалникот на општината Шуто Оризари, Елвис Бајрам, поделија бесплатни канти за 600 индивидуални домаќинства  во оваа општина.
Во рамките на првата фаза на проектот „Подобрување на општинските услуги“  е предвидено да се опфатат вкупно 13 130 индивидуални домаќинства кај коишто се врши услуга со нестандардни садови за отпад и 16 000 домаќинства кај коишто досегашното собирање на комуналниот отпад се вршеше со контејнери со капацитет од 1, 1 м3 поставени на јавни сообраќајни површини.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати