24.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Проекти / Проекти 2010
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Јавни набавки
Проекти 2010
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Проекти 2010
БЕСПЛАТНИ ПЛАСТИЧНИ КАНТИ ЗА ИНДИВИДУАЛНТЕ ДОМАЌИНСТВА

25.01.2013  09:43

29.04.2011

Во рамките на проектот „Подобрување на општинските услуги“, финансиран од Светската банка, со цел - подобрување на одржувањето на јавната хигиена на целото градско подрачје, Градот Скопје се задолжи со заем кај Република Македонија во вкупен износ од 183 милиони денари, од коишто 60 милиони денари се наменети за набавка на садови за отпад, а 123 милиони денари за набавка на специјални комунални возила.
Преку распределување на педесет пластични канти на индивидуалните домаќинства на улицата Јесењинова, во општината Кисела Вода, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска стартуваше со првата фаза на овој Проект. Во присуство на градоначалникот на Градот Скопје, Коце Трајановски, министерот за финансии, Зоран Ставрески и градоначалникот на општината Кисела Вода, Маријан Ѓорчев, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Ракип Дочи, нагласи дека во рамките на првата фаза на проектот „Подобрување на општинските услуги“  е предвидено да се опфатат вкупно 13 130 индивидуални домаќинства кај коишто се врши услуга со нестандардни садови за отпад и 16 000 домаќинства кај коишто досегашното собирање на комуналниот отпад се вршеше со контејнери со капацитет од 1, 1 м3 поставени на јавни сообраќајни површини.
Втората фаза на овој Проект предвидува да се распределат вкупно 14 600 пластични канти на индивидуални домаќинства во руралниот дел на градот Скопје кај коишто се врши услуга и 11 470 индивидуални домаќинства кај коишто се предвидува проширување на опфатот за извршување на дејноста, додека во третата фаза се предвидува спроведување на пилот-проект во којшто 4800 индивидуални домаќинства ќе се опремат со уште по еден сад за отпад (пластична канта) за имплементација на законската регулатива од оваа област, којашто предвидува селекцијата на отпадот да се врши на две фракции: сув отпад (од пакувања) и останат отпад.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати