25.04.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-15ч): 321 66 44
 почетна / Еко патрола / Еко патрола
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

10та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - Води и отпад - реалност и предизвици
Еко патрола
Акции на Еко патрола

22.10.2010  13:07

Одговорно претпријатие како ЈП Комунална хигиена – Скопје не е во можност постојано да го набљудува секој квадратен метар од Градот. Потребата од помош за набљудување на невообичаени услови на фрлање смет од било каков вид, ја наметна идеата за формирање на Еко патролата.
Еко патролата има една цел: секој граѓанин кој е затечен како непрописно го одлага сметот, да го упати со едукативна мерка граѓанинот, како треба да постапува во иднина.
На теренот Еко патролата има за задача да: снима и фотографира КОЈ, ШТО, КОГА и КАДЕ го врши прекршокот и ја загадува околината во која живееме.
-    При снимањето и сликањето на лицето кое не постапува според правилата на урбаното живеење, еко патролата не се конфронтира, напротив, таа му укажува да ја свати грешката, доколку граѓанинот е непристоен и насилен вработените во Еко патролата ја повикуваат комуналната инспекција од Општината во која се одвива ситуацијата.
-    Со ваков пристап се охрабруваат граѓаните на Градот Скопје да ја сватат потребата од цивилизиран и хигиенаски начин на живеење.
-    Граѓаните кои се охрабрени имаат мотивација да пријават доколку забележат како некој врши престап, по четири години постоење и работа на Еко патролата, ги охрабри граѓаните да вложат поголем интерес со барање до медиумите, надлежните институции, да се преземат поагресивни мерки и непристојните граѓани да бидат казнувани доколку не ја сваќаат КУЛТУРАТА НА УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.