25.04.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-15ч): 321 66 44
 почетна / Историјат / Историјат
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

10та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - Води и отпад - реалност и предизвици
Историјат
РЕД СО „ПРАВИЛНИК“, „УПАТСТВО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА“ И ОБЈАВУВАЊЕ НА ИМИЊАТА НА НЕПОСЛУШНИТЕ ВО ВЕСНИК

14.07.2010  15:21

Меѓу двете светски војни варирал бројот на вработените во чистачката клона. Достигнувал  до четириесетина чистачи и исто толку колари, но затоа пак поради нараснатите потреби бројот на колите и запрегата потојано се зголемувале. За воспоставување ред најпрвин е изготвено упатството  за собирање и изнесување на ѓубрето од куќите, улиците, хотелите, рестораните, а подоцна, во средината на триесеттите години е донесен и првиот правилник со кој се регулирало прашањето на градската – комунала хигиена во Скопје. Овој правилник бил прв документ од таков тип во еден град што и припаѓал на тогашната Вардарска бановина. Директно ги пропишувал правилата на однесувњето на граѓаните кон хигиената во градот: од метење на сопствените домови и дворови, до собирање, изнесување и транспорт на ѓубрето до депониите, набавка на специјални канти и сандаци за чување на ѓубрето што особено се однесувало на хотелите, рестораните и установите, до изнаоѓање и одбележување на депониите по утврдени критериуми. Со овие мерки градот Скопје е поделен на реони и одделенија, а пропишани се и санкции за оние граѓани кои не се пидржувале кон строгите правила и тоа во вид на парични, па дури и затворски казни. Интересно е што имињата на загадувачите на градот редовно јавно се објавувале во органот на општината, весникот “Скопски гласник“.

Во периодот меѓу двете Светски војни уште две мерки се вредни за одбележување. И тоа, за подобрување на хигиената во градот дејноста во неколку прилики е давана под концесија, а собраното ѓубре се продавало на лицитација и се користело за наѓубрување на општинскиот имот.

За време на Втората светска војна и бугарската окупација на Скопје, вработените во претпријатието ја продолжиле својата работа, но дел од нив се вклучиле и во давањето помош на НОВ. Во „Одделението за комунални дејности“ била формирана партиска ќелија преку која скопската партиска организација добивала податоци за движењето на непријателот и окупаторот. Треба да се напомене и дека вработените ја продолжиле својата револуционерна дејност пројавена уште во 1929 година, кога организирале штрајк против раководителот на чистачката колона, затоа што ги навредувал нивните чувства на национална и верска основа, а вршел и притисок за нивна асимилација и денационализација. За ова во тоа време пишувал и весникот “Социјалистичка зора“ застанувајќи во одбрана на барањата на чистачите.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.