Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и
кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот.
Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се
забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси,
на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при
градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично.
Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други
настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански
органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во
воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и
најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да
стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје. |
|